Home Актуелно Летни температури во мај

Летни температури во мај

Денес, понеделник, 11мај, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 10 степени, а дневна до 30 степени.

Следува период на значително топло време, особено во втората половина од седмицата, под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Денес и утре од Сахара кон нашата држава ќе има движење на прашина и песок со што и атмосферата ќе биде позаматена, а времето помачно и поспарно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…