Home Шоубизнис Летна шема на Оревче во организација на Roomania – погледнете како помина забавата

Летна шема на Оревче во организација на Roomania – погледнете како помина забавата

На 17.07.2021 се случи првиот официјален ROOMANIA.mk настан на плажата Оревче, на кој настапија истакнатите македонски диџеи DJarto, BerryQyat, Mitrik и  Samardjiski, заедно со гостувањето на уникатниот продуцент на електронска музика, Dimitri Monev од Бугарија. Погледнете го ова прекрасно видео, кое повикува да присуствувате на сите следни настани  во нивна организација.

Настанот, музички се развиваше професионално и соодветно, но она што го направи уникатен е повремениот дождлив амбиент кој допринесе до кулминација и уживање на посетителите. Сето тоа може да се види од изработеното “after-movie” видео.

Новата платформа ROOMANIA на Room 313 е серијал на аудио поткасти, настани и магазин за електронска музика и има за цел да промовира модерна музика, низ сезони со соодветно избрани електронски жанрови и артисти. Интервјуата кои може да ги најдете на оваа нова платформа, откриваат многу за размислувањата на светски истакнатите артисти од електронскиот свет и македонските диџеи и продуценти кои може да се носат рамо до рамо со истите. Епизодите и сезоните од аудио серијалот можете да ги преслушате директно на нивниот сајт, или на нивниот soundcloud профил.

Да се надеваме дека со новите мерки и протоколи, момците на ROOMANIA ќе успеат да не изненадат со уште некој ваков настан, во нивни соодветен електронски модерен стил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …