Лекарите советуваат: Спиењето ноќе по долна облека може да му штети на вашето здравје – спијте голи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во зимскиот период, нормално, освен долна облека, навечер за спиење носиме и пижами, а во лето најчесто спиеме во долна облека.

Експертите велат дека тоа може да биде многу штетно. Освен што предизвикува развој на бактерии, може да доведе и до стерилитет.

Спијте голи

Лекарите ги советуваат своите пациенти да создадат навика да спијат голи. Освен придобивките поврзани со вашиот интимен живот, ваквиот начин на спиење, без никакви „пречки“, може поволно да влијае и на вашата психа. Ќе се будите поодморени и ќе имате многу повеќе енергија.

Д-р Мери Џејн Минкин, клиничка професорка по акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на Јеил, и д-р Лорен Штрајхер, вонреден професор по акушерство и гинекологија на Универзитетот Нортвестерн и автор на „Sex Rx“, на оваа тема зборуваа за „BuzzFeed”.

– Габичните инфекции се предизвикани од прекумерниот раст на природно настанатите кандида габички, а воспаленијата најчесто се предизвикани од нарушена рамнотежа на вагиналните бактерии. И во двата случаи, проблемот настанува одвнатре, а не поради надворешни фактори, како што е спиењето во долна облека – објаснува Штрајхер.

Носете шорцеви

Доколку не сте навикнати да спиете голи, наместо долна облека носете шорцеви бидејќи се поудобни. Долната облека, особено тесната, може да биде причина за разни болести и инфекции кај двата пола. Се јавува зголемено потење, а секоја влажна средина е идеално место за размножување на бактериите.

Носењето на непамучна долна облека, создава топла и влажна средина, која е идеална за габични инфекции – вели д-р Евелин Левин.

Плодност

Покрај развојот на микроорганизми, ткаенината може да предизвика осип и црвенило. Жените особено мораат да се грижат за вагиналната микрофлора, бидејќи оштетувањето на нејзината бариера, може да доведе дури и до стерилитет, а тоа важи и за мажите. Според урологот Брајан Стекснер, прегрејувањето на гениталиите кај мажите ја загрозува семената течност и ја намалува можноста за оплодување.

Според истражувањето, само 18 отсто од населението спие без долна облека. Лекарите додаваат дека спиењето без долна облека не само што го намалува ризикот од инфекции и стерилитет, туку поволно влијае и на вашиот интимен живот.