Home Спорт Леброн испиша историја: Кралот влезе во „клубот 30.000“

Леброн испиша историја: Кралот влезе во „клубот 30.000“

Во синоќешниот натпревар помеѓу Кливленд и Сан Антонио, Леброн Џејмс стана најмладиот играч кој стигнал до бројката од 30.000 поени.

Леброн влезе во „Клубот 30.000“, каде се наоѓаат само уште 6 играчи. Со 33 години и 24 дена стана најмладиот играч кој постигнал 30.000 поени во НБА лигата.

Во вчерашниот натпревар против Сан Антонио Спарс, Џејмс забележа 28 поени, 9 скока и 7 асистенции, но не успеа да направи доволно за да му помогне на неговиот тим да избегне пораз на гостински терен.

На првото место на најдобри стрелци во историјата на НБА засега е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени, потоа следуваат Карл Мелоун (36.928), Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292), Вилт Чемберлен (31.419) и Дирк Новицки (30.837).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…