Вебкафе

Лавица си го уби Лавот по осум години заеднички живот!

Зоолошката градина во Индијанаполис се обидува да заклучи зошто лавицата Зури го нападната и убила лавот Нијак по осум години заеднички живот.

Зоолошката градина наведе дека 12-годишната Зури го нападнала 10 -годишниот Нијак утринава пред отворањето за посетители, пренесува Асошиејтед Прес.

Тие двајца живееа заедно осум години и имаа три младенчиња во 2015. година. Нијак е позајмен од Зоолошката градина во Сан Диего.

Персоналот од зоолошката градина наведе дека чуле необично гласен крик од просторот за лавови, по што се обидете да ги разделат, но дека Зури го држела Нијак со забите за вратот додека не престанал да се мрда.

Аутопсијата потврди дека Нијак починал од давење по повреда на вратот.

Зоолошката градина наведе дека дневните белешки не покажувале невообичаена агресија или повреда од судирот помеѓу Зури и Нијак.

Advertisements
To Top