
Веќе многу години спортскиот стил зазема значајно место во гардеробата и секојдневниот живот на секоја жена.
Особено по пандемијата, loungewear стилот ја стекна својата популарност, а модерните личности ни дадоа многу идеи како спортската облека да ја вклучиме во нашите дневни, но и вечерни комбинации.
Клучен дел од овие лежерни изгледи се хеланките. Тие се удобни, флексибилни и можат да добијат карактер што ќе им го дадете, без разлика дали ќе ги одберете за дома или за прошетка. Има многу парчиња што можете да ги комбинирате со хеланките – од дуксери за врвен спортски изглед, до џемпери и блејзери за поелегантен, лежерен стил.
Кога станува збор за обувките, изборот е разновиден – можете да носите патики, чизми со дебел ѓон, а ако сакате да експериментирате со стилот, пробајте да ги комбинирате со високи потпетици.
Во галеријата одвоивме модели од актуелните колекции што веќе сега можете да ги набавите, за да создадете изглед кој истовремено е модерен и удобен.