Home Актуелно Ладна и ветровита среда

Ладна и ветровита среда

Денес во Македонија ќе имаме променливо облачно, студено и ветровито време. Претпладне во северните и источните делови ќе има повремени врнежи од снег со послаб интензитет.

Ќе дува засилен северен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Од утре следува период на стабилно време. До сабота ќе биде со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…