Home Актуелно КЗБ со предлог скратување на полицискиот час од 21 навечер до 5 науто – еве кои други мерки се предлагаат до Владата

КЗБ со предлог скратување на полицискиот час од 21 навечер до 5 науто – еве кои други мерки се предлагаат до Владата

Полицискиот час наместо од 20, да започнува од 21 часот. Исто така, по три недели, ќе можат да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините.

Ова се предлозите на Комисијата за заразни болести кои ќе се најдат на владина седница утре, ког истекува актуелниот сет рестриктивни мерки.

За делумно олабавување на мерките придонесува намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани во изминатите денови.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 314 случаи со ковид-19, 27 починати и 557 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 16 858, од кои 7 597 се во Скопје.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 507 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 587 пациенти во Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…