Home Спорт Куп на Македонија: Пелистер со предност, реми во Тетово

Куп на Македонија: Пелистер со предност, реми во Тетово

Попладнево во Битола и Тетово беа одиграни првите полуфинални натпревари на фудбалскиот Куп на Македонија, а финалистите ќе бидат познати после реваншите на 11-ти април.

Бранителот на трофејот Пелистер со пресврт во вториот дел го совлада составот на Академија Пандев со 2-1. Гостите од Струмица поведоа во 31-та минута со погодокот на Јани Атанасов.

Во второто полувреме, прво Борче Маневски во 61-та минута, го израмни резултатот, а Ристе Илијовски во последната минута му донесе победа на битолчани од 2-1.

Тетовското дерби меѓу Шкедија и Ренова заврши без победник 1-1. Ренова прва дојде до водство со голот на Стојановски во 12-та минута, а резултатот го израмни Емини во 26-та минута.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…