Home Актуелно Кукан: Очекувам пресврт во Македонија и на Западниот Балкан во наредните месеци

Кукан: Очекувам пресврт во Македонија и на Западниот Балкан во наредните месеци

Европратеникот Едвард Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, очекува во наредните месеци значителен пресврт во политичките случувања во Македонија и во другите земји на Западниот Балкан. Во интервју за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) тој истакнува дека во целиот регион постои загрижувачки тренд на блокади на парламентите и на другите државни институции, што пак создава маѓепсан круг во кој „слабите демократии им долеваат гориво на слабите институции и обратно“.

„Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и во Албанија. Во другите земји во регионот, на пример, Црна Гора и Косово, се борат со бојкот на парламентите. Се чини дека ова е регионален тренд, кој е контрапродуктивен за демократскиот развој во земјите кои европскиот праг. Се надевам дека во следните месеци ќе видиме значителен пресврт во овој тренд. Сепак, тоа е првиот и најфундаментален Копенхашки критериум“, вели Кукан.

Европрратеникот во интервјуто зборува и за перспективата на Европската Унија, потенцирајќи дека политиката на проширување е од фундаментално значење како за земјите аспиранти така и за унијата кон која се стремат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…