Ги исполни условите па побара развод – Џенет Џексон ќе добие 500 милиони долари од катарскиот милијардер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веста дека поп дивата Џенет Џексон се разведува од третиот сопруг, Висам Ал Манa, само три месеци по породувањето, ја објавија сите светски медиуми, а неодамна таблоидите укажаа и на потенцијалната причина за разделбата.

Имено, Џенет и катарскиот бизнисмен пред да стапат во брак потпишале предбрачен договор, според кој поп дивата може да добие повеќемилионска сума доколку добијат дете и доколку брачната заедница трае пет години.

Имајќи предвид дека овие услови се исполнети, бидејќи брачната двојка судбоносното „да“ го изговори во 2012 година, Џенет би можела да добие дури 500 милиони долари, тврдат таблоидите.

Меѓутоа, близок пријател на поп ѕвездата, кој воедно е и нејзин креативен директор, тврди дека Џенет таквата можност нема да ја искористи.

Инаку, катарскиот бизнисмен и поп ѕвездата пред три месеци го добија синот Елиш, а потоа објавија дека се разведуваат.