Home Актуелно Крвави избори во Пакистан: Гласачко место нападнато од бомбаш самоубиец – најмалку 28 мртви

Крвави избори во Пакистан: Гласачко место нападнато од бомбаш самоубиец – најмалку 28 мртви

Избориниот ден во Пакистан, како што многумина стравуваа дека ќе се случи, започна со насилство и терористички напади.

Во експлозија на бомба на гласачко место во градот Квета загинале најмалку 28 луѓе, меѓу кои и деца, објави германската новинска агенција ДПА. Ранети се над 40 луѓе, соопштија локалните власти.

Квета е главен град на провинцијата Балочистан, каде пред десетина дена во напад на бомбаш-самоубиец загинаа над 150 луѓе на предизборен митинг.

Во Пакистан денеска се одржуваат парламентарни избори под силни безбедносни мерки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…