Home Актуелно КРВАВА ДРАМА: Син го избоде до смрт таткото, поранешен функционер на ВМРО ДПМНЕ!

КРВАВА ДРАМА: Син го избоде до смрт таткото, поранешен функционер на ВМРО ДПМНЕ!

Синоќа во скопската населба Црниче се случи грозоморен настан. Син до смрт го избоде својот татко со нож. Неофицијално, таткото е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Сосетка од улицата „Чедоми Каратџиев“ пријавила во полиција околу 22.15 часот дека соседи се степале и барале помош.

Неофицијално избодениот татко е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, со иницијали Љ. Т, кој наводно бил директор на фабрика.

Кога пристигнала полицијата го пронашла 68-годишниот скопјанец на прагот од дневната соба со убодни рани од нож и констатирала смрт. Сведок на настанот била сопругата. Според нејзиното сведоштво седела со сопругот во дневната, кога дошол синот, ја скршил влезната врата и ја избркал неа, а потоа го нападнал својот татко.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека 41-годишниот син ја напуштил куќата веднаш по убиството. Подоцна се пријавиле во Ургентен центар барајќи лекарска помош затоа што имал расекотина на десната рака.

Синот е синоќа приведен и задржан во полициската станица во Кисела Вода. Најверојатно има дијагноза на психичко растројство.

Од МВР велат дека обвинител е запознаен со случајот и дека телото е предадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…