Кривични пријави за фирми кои затаиле данок од скоро 4 милиони денари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Струмичката полиција поднесе кривична пријава против ДПТУ Инекс БС Компани ДООЕЛ, увоз извоз и ДПТУ Инекс БС ДООЕЛ, увоз извоз и нивните управители поради затајување данок.

Пријава против ДПТУ Инекс БС Компани ДООЕЛ, увоз извоз с. Ново Коњарево и Б.С. (23) од с.Ново Коњарево, управител без ограничувања во наведеното правно лице, е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела даночно затајување и фалсификување и уништување на деловни книги. Пријавените, за деловната 2016 година, не пресметале и неуплатиле персонален данок на доход во вкупен износ од 1.887.746 денари, а пресметале и помала обврска за ДДВ во 2016 година во вкупен износ од 231.742 денари. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.119.448 денари.

Додека кривична пријава против ДПТУ Инекс БС ДООЕЛ, увоз-извоз с. Ново Коњарево и Ј.С. (48), управител без ограничување, неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот трговски промет е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  даночно затајување и фалсификување и уништување на деловни книги“. Во периодот од 2014 и 2015 година, пријавените не пресметале и не уплатиле персонален данок на доход во износ од 578.300 денари. Исто така, помалку пресметале обврска за Данок на додадена вредност во износ од 755.429 денари, а пресметале и помала обврска за данок на добивка. На овој начин, пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во износ од 1.807.412 денари.