Кратко беше на тронот: Маск ја загуби титулата „најбогат човек на светот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илон Маск, по краток формален престој на првото место на листата со најбогати луѓе на планетата, ја загуби титулата најбогата личност на светот по неодамнешниот пад на цените на акциите на Тесла, главниот извор на неговото богатство.

Акциите на Тесла потонаа повеќе од 20 проценти од врвот во јануари, кога чинеле 880 долари. Падот на цените бил забележан оваа недела откако компанијата инвестира 1,5 милијарди долари во Биткоин, пишува Би-Би-Си.

Овој пад го донесе Џеф Безос на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.

Падот на цените на акциите на Тесла следел зачудувачки пораст минатата година, кога акциите скокнале од 90 на повеќе од 700 долари.

Поради тој раст, Маск го престигна првиот човек на Амазон, Џеф Безос, во трката за најбогата личност во јануари, но покрена и прашања за вистинската вредност на компанијата што произведува многу помал број автомобили во споредба со конкуренцијата.

Падот на цените на акциите на Тесла „избриша“ над 15 милијарди долари од богатството на Маск.