Со кратења во буџетот обезбедени пари за укинување на радиодифузната такса


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој потенцираше дека со ребалансот се скратени голем број непродуктивни трошоци, при што најголемиот број кратења се во кабинетот на премиерот каде се откажани сите пропагандни кампањи.