Кралска револуција: Перез троши пола милијарда за три ѕвезди од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, заостанува цели 19 бода од лидерот во Примера, а пред неколку дена доживеа и шокантна елиминација од Купот на кралот.

Јасно е дека на крајот на сезоната ќе има големи промени во тимот на „кралевите“, а шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот Перез спрема голема револуција.

Според последните најави од страна на англиските медиуми, Реал идното лето е подготвен да потроши неверојатни 500 милиони фунти, и тоа за три ѕвезди од Премиер лигата.

Прв на списокот е секако голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа кој веќе подолго време е опсесија на „кралевите“ и за него се спремни да платат неверојатно 100 милиони фунти.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Перез е спремен да испрати понуди од 200 милиони фунти на адреса на Челзи и Тотенхем за нивните најголеми ѕвезди Еден Азар и Хари Кејн, кои исто така сакаат преселба во Мадрид.

За да ги реализира овие трансфери јасно е дека Реал најпрво треба да се ослободи од Герет Бејл и Карим Бензема, а и местото на Роналдо не е сигурно, па доколку пристигне богата понуда може и Португалецот да си замине од „Сантиаго Бернабеу“.