Кралица на филмските трансформации – Терон со радикална телесна промена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога ќе се споменат телесните реални промени на актерите за филмските потреби во рамки на нивните улоги, Шарлиз Терон и Кристијан Бејл слободно можат да бидат прогласени за крал и кралица на физичките трансформации.

Една од најсексапилните актерки на светот, преубавата Шарлиз Терон истакна дека дури за потребите на една улога морала да „пушти стомак“. Кога ќе ја видите тешко дека ќе може да ја препознаете.

Русокосата убавица за улогата во филмот „Тули“ морала добро да се здебели. Шарлиз изјавила дека морала повторно да „пушти стомак“ откако се довела во совршена форма за филмот „Атомска Русокоса“.