Home Шоубизнис Крај на неизвесноста: Мадона ќе настапи на „Евросонг“ 2019 во Тел Авив

Крај на неизвесноста: Мадона ќе настапи на „Евросонг“ 2019 во Тел Авив

Откако извршниот директор на Евровизија, Џон Ола Санд, изјави дека: „Европската радиодифузна унија никогаш не го потврди настапот на Мадона . Ако немаме потпишан договор, таа не може да настапи на нашата сцена“, сега на неизвесноста за настапот на Мадона во Тел Авив се стави крај.

Кралицата на поп-музиката, Мадона, ќе гостува во финалната вечер од натпреварот за песна на Евровизија во Израел. Промоторите на концертот „Лајв нејшн Израел“ и Мадона потврдија за израелските медиуми дека таа ќе пее две песни за време на натпреварот, на кој ќе настапат музичари од 41 земја.

Мадона порача дека секогаш ќе се залага за мир и одбрана на човечките права и никогаш нема да престане да пее само за да им угоди на нечии политички агенди.

Ќе настапи и израелската пејачка Нета Барзилаи, која со песната „Тој“ победи на минатогодишниот натпревар во Лисабон и обезбеди Израел оваа година да биде домаќин на фестивалот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Илда Шаулиќ го одложи големиот концерт во Сава центар поради приватни причини

Илда Шаулиќ требаше на 26 ноември годинава да го одржи својот голем солистички концерт во …