Home Спорт Ковачиќ му соопшти на Лопетеги: Сакам да си одам!

Ковачиќ му соопшти на Лопетеги: Сакам да си одам!

Хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ оствари средба очи во очи со новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги и му ја соопшти одлуката да го напушти клубот, пренесува „Марка“.

Ковачиќ имал разговор со тренерот во базата во Валдебебас и му објаснил дека најдобрата опција за неговата иднина е да биде продаден во клуб каде ќе добива повеќе минути за да се докаже. „Марка“ информира дека Ковачиќ и Лопетеги зборувале пријателски, но не многу долго, бидејќи фудбалерот веќе има цврста одлука.

Весникот потсетува на интервју со Хрватот од 23 јуни, во кое тој објаснува дека разбира колку е тешко да си стартер во Реал Мадрид, но сака да добива повеќе шанси за докажување.

„Марка“ додава дека „кралскиот“ клуб се надева дека ќе добие најмалку 50 милиони евра за неговиот потпис.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…