Home Актуелно Коцијанчич: Немаме коментар за тоа што Законот за јазици и Договорот со Грција се без потпис на претседателот

Коцијанчич: Немаме коментар за тоа што Законот за јазици и Договорот со Грција се без потпис на претседателот

Европската комисија нема коментар за последните случувања поврзани со Законот за јазици и Договорот со Грција. Пресинг ТВ го праша портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич дали за ЕУ е прифатливо што Договорот со Грција и законот за јазиците се објавени во Службен весник без потпис на претседателот, спротивно на Уставот.

Од Пресинг ТВ ја прашаа Коцијанчич дали повикувањето на вледеење на правото во Македонија ќе важи и за овој случај. На сето тоа добија одговор дека нема да коментираат.

Ние сега ги следиме националните процедури за спроведување на договорот, но како и обично не ги коментираме-изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…