Косовски играорци истакнаа огромно албанско знаме на Самоилова тврдина во Охрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Група туристи кои се претставиле како играорци од Косово, кои настапувале на манифестација во Охрид и Струга, денес во Охрид, на Самоиловата тврдина, развиорија неколку албански знамиња. Граѓаните на Охрид случајот го пријавиле во полициските служби откако, како што известиле, четири лица истакнувале албанско знаме на тврдината.

Од СВР Охрид изјавија дека полицијата ги презема сите активности за расветлување на случајот.

„Екипа на СВР Охрид веднаш излегла на терен и албанското знаме е тргнато од тврдината. Истовремено се преземаат сите мерки за откривање на причините зошто е постваено знмаето на Република Албанија на Самуиловата тврдина“, соопштуваат надлежните служби.

Според неофицијални информации, знамето е поставено од меѓународна играорна група од Косово, која била во посета на Охрид како дел од играорниот перформанс. Тие истакнале дека се дојдени како туристи и не знаеле дека не е дозволено поставување на национални симболи од туѓи држави на тврдината и дека немале тенденции со тоа да провоцираат.

МВР работи на расчистување на случајот, откако попладнево на Самоиловата тврдина беше поставено огромно знаме на Република Албанија.

Според полицијата, дека знамето било поставено од лица кои се претставиле како членови на фолклорна група од Косово кои престојувале во Струга, наводно за да се сликаат. Полициски екипи го тргнале знамето, а две лица се повикани во полициска станица.

На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на другиот дел од Самоиловата тврдина, каде се гледаат лица облечени во албанска носија кои се фотографираат со големи албански знамиња на видиковецот од тврдината.