Контра во сè: Трамп одбива да носи заштитна маска – Меланија апелира за носење маски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие двајца моментално први луѓе на САД, Доналд и Меланија Трамп, како да се договорени во јавност суптилно да си одат контра и да си водат инает.

Откако Трамп јавно одби да носи заштитна маска заради превенција од коронавирусот, Првата дама на САД , Меланија Трамп се вклучи во борбата против коронавирусот советувајќи ги граѓаните да ја користат, меѓу другото, токму таа заштита.

Првата дама на Соединетите Држави направи видео во кое промовира носење заштитни маски, а потоа ја објави и нејзината насловна фотографија.

„Додека Центрите за контрола и спречување на болести продолжуваат да го проучуваат ширењето на Ковид-19, властите препорачуваат да носите заштитни маски на јавни места каде е тешко да се одржат мерки за социјална оддалеченост, како во маркети и аптеки“, рече Меланија.

„Запомнете, ова не го заменува социјалното растојание. Тоа е само друга мерка за да бидете сигурни”, истакна таа во видеото, гледајќи директно во камерата.

Таа не стави маска на видеото, но два часа подоцна објави фотографија на која ја носи. Нејзиното видео досега има над 540.000 прегледи.

Меланија претходно објави видео во кое се заблагодарува на медицинскиот персонал, кое што е видено повеќе од милион пати.

Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, зборуваше минатиот петок за препораките на Центрите за контрола на болести за носење заштитни маски. Поточно, некои здравствени работници претходно изразија загриженост дека маските може да бидат позаразливи бидејќи впиваат додека се носат, и се појави страв дека нема да бидат доволни за здравствените работници.

Сепак, крајната препорака на американските експерти е да не ги вадат маските бидејќи многу заразени лица со коронавирус немаат никакви симптоми. Покрај тоа, кога се носат, луѓето ги допираат носот и устата во помала мерка.

Трамп ги советуваше Американците да носат марами врз нивните лица додека одат на јавни места. Иако тој самиот има микробна фобија, тој истакна дека нема да носи маска.

„Не сакам да ја носам. Тоа е само препорака“, рече тој.