Фокус пренесува: Затворениците во Шутка молат за помош заради коронавирусот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера во скопскиот истражен затвор „Шутка“ почина противореник кај кој беше откриено присуство на коронавирусот. После оваа случка, до „Фокус“, како што пренесува медиумот“; стигнале панични пораки со апел за помош од другите притвореници во ова одделение.

„Ве молиме помогнете. Во затворот има повеќемина заболени. Цимерите на починатиот се префрлени во други ќелии, ќе не заразат сите“, пишал до „Фокус“ притвореник од затворот.

На прашање од медиумот, дали некој од останатите има симптоми, притвореникот вели:

„70% сме со температура и кашлање, никој не нè прегледува. Покрај притворените има и осуденици на кои им остануваат 10, 20 или 30 дена до издржување на казната ама не ги пуштаат“, вели нашиот соговорник.

Во текот на денот се обратиле и други притвореници кои велат дека изразувале бунт со тоа што сите биле на нозе и тропале и кршеле по ќелиите, а за утре најавуваат и штрајк со глад.

Од затворските власти уверуваат дека се превземаат сите мерки за заштита, а повеќе детали најавуваат за денес или понеделник.

Притвореникот кој почина беше на возраст од 47 години, од Ресен. Тој зад решетки влегол на 8 март. Засега не е познато дали заразен влегол во притвор или се заразил внатре.