Конгрес на СДСМ: Едногласна поддршка за Стево Пендаровски за претседателски кандидат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите 712 присутни кандидати на денешниот конгрес на СДСМ го поддржаа Стево Пендаровски да биде кандидат на најголемата владејачка партија и коалицијата на претседателските избори што ќе с еодржат на 21 април.

Претседателот напартијата Зоран Заев рече дека од вкупно 738 канидати, присуствувале 712, и сите му дале поддршка на Пендаровски, без ниту еден глас против или воздржан.

-За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 партија од сите етнички заедници, но и на многу наши граѓани кои не се членови на политички партии. Посебна благодарност до оваа политичка структура и до лично до премиерот Заев кои направија политички потег без прасдан и по 5 години му овозможија повторно да влезам во трката за претседатател откако во 2014 бевме предмет на брутален изброен инженеринг, рече Пендаровски во обраќањето пред делегатите, кои го поздравија и го испратија со бурен аплауз, овации и скандидарања.

-Јавно да им се заблагодарам на сите останати кандиати кои се презентираа себе си максимално достоинствено и без да го разнишаат ни за милиметар политичкиот проект за кој се бориме со години – и Радмила и Оливер и Никола се прво мои пријатели, а потоа соборци за истата кауза. Убеден сум апсолутно дека тоа и ќе остане така и кога никој од нас нема да биде во политиката, рече Пендаровски обраќајќи се до тројцата кои постојано се споменуваа покрај него, како можни претседателски кандидати.

Пендаровски уште рече дека првпат во незвисона Македонија застанува и три политички партии од етничките Албанци кои се дел од владата, додека оние од опозицијата, иако ќе одат со свј кандидат, немаат никаков приговор за неговите ставови за меѓуетничките односи, како и за местото и улогата на Албанците кои треба да ја имаат во заедничката држава.

-Заедно сме поминале низ сите изборни голготи од 2011 кога дојдовме блиску до рушење на дикататурата. Некои од нас се поколебаа, некои се продадоа. Во 2014 изглеговме првпат против дикаттурата со платфрма која требаше да ги обедини сите политички партии и тогаш исто така за првпат нашите сограѓани Албанци гласаа во поголем број за кандидат етнички Македонец. Тоа го заокруживме во 2016 со концептот Едно општество за сите што беше уникатна стратегија која не е забележана никаде досега на Балканот ниту во ЈИЕ по падот на комунизмот. По сите параметри, оваа генерација на македонски политичари на чело со Заев веќе направи чудо со тоа што го урна режимот на избори и што постигна договор со Грција на достоинствена основа со целосна заштита на нашиот идентитет. Настрана политичката пропаганда или опозициската реторика, тие две достигнувања не можат да ги оспорат ниту нашите најжестоки критичари. Овие луше и ништо друго да не направат во своите политички кариери , а ќе направат, само овие две работи им се доволни за историјата да ги памети, рече Пендаровски.

Заев, затворајќи го Конгресот, рече дека 5 мај очекува сите да го поздрават новиот претседатл на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Извор: НоваТВ