Конечно позитивни бројки: Јужен ветар носи зголемување на температурите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Петок, иако ќе започне со утро кое гледано во одос на претходните во просек ќе биде потопло, сепак локално низ одделни котлини (Скопската, Беровската, јужниот дел на Пелагонија, Полог, Струмичката, како и Демир Капија) ќе има уште едно студено утро со минимална температура во границите од минус 12 до минус 16 Целзиусои, додека останатите краишта ќе бидат потопли во однос на претходните денови,со минимална помеѓу минус 8 и минус 5 степени.

Утрото е биде претежно ведро, со појава на краткотрајна слаба магла во одделни котлини. Во втората половина од денот значително ќе се наоблачи, пред се во западниот планински крај, каде приквечер ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Добро е што малото зголемување на интензитетот на јужниот ветер ќе ги однесе вредностите на максималната температура во позитивниот дел на целзиусовата скала.

Таа ќе има вредност во границите помеѓу 1 и 4 степени, а на југ околу 5 степени Целзиусови.

Скопскиот крај го очекува мала облачност и слаба магла наутро. Потоа околу пладне ќе настапи постепено наоблачување. Наутро температура која ќе има минимум околу минус 15 Целзиусови. Максималната температура нема да надмине 2 степени.