Home Актуелно КОМБЕ СЕ ЗАКАЧИ ВО ПАТАРИНА: 7 повредени меѓу кои и дете во тешка сообраќајка кај Глумово!

КОМБЕ СЕ ЗАКАЧИ ВО ПАТАРИНА: 7 повредени меѓу кои и дете во тешка сообраќајка кај Глумово!

Сообраќајна несреќа во која 7 лица се повредени, се случи денес околу 13 часот кај наплатната рампа Глумово на автопатот Тетово за Скопје.

Првичните информации од полицијата велат дека возило „Пежо Боксер“ со скопски регистарски табличи удрило во комбе со албански ознаки и во кабина за наплата на патарината.

Во несреќата повредени се 7 лица меѓу кои и едно дете кои се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.


Дел од медиумите пишуваат дека меѓу повредените е вработен на патарината, како и 3месечно бебе, но засега нема официјална потврда за овие информации.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…