Home Вебкафе Колку време ни треба за да се одвикнеме од нашите лоши навики?

Колку време ни треба за да се одвикнеме од нашите лоши навики?

Малите секојдневни ритуали се нешта кои често ни го дефинираат денот и рутината во истиот, па често пристрасно се држеме до нив по секоја цена.

Додека некои навики се корисни и пожелни, други можеби ќе биде подобро да се отфрлат, што секако е тешко за нас. Да се откажете од лошите навики, кои речиси го сочинуваат нашиот секојдневен живот, е процес што треба да трае долг временски период и бара силна волја и основана мотивација.

Многу психолози го испитувале формирањето на човечката навика и откриле дека не постои прецизно време за да се усвои одредена навика. После серија експерименти на Универзитетскиот колеџ во Лондон, утврдено е дека времето за стекнување индивидуални навики варира од 18 до 254 дена, додека просечното време на стекнување навика е 66 дена.

Стекнување на секоја навика, добра или лоша, започнува со психолошка причина, односно психолошка јамка која се состои од 3 дела, од кои првиот е оној што му овозможува на мозокот да дејствува, вториот дел е токму тоа однесување, а третиот дел е награда, која во иднина би можела да предизвика поттик за повторено однесување. Откако ќе се формира навиката, многу е тешко да се прекине, бидејќи со тек на време станува несвесен процес и се прави речиси механички.

За да се искорени некоја лоша навика, психолозите тврдат дека е неопходно да се воведе нова навика во исто време. Додека се воведува нова навика, старата сè уште постои, но реакцијата на невроните во мозокот на активирањето на старата навика е многу послаб кога паралелно се појавува нова, добра навика.

За да може лошата навика успешно да се искорени, неопходно е да бидете мотивирани, да ви одговараат околностите во кои се наоѓате и истовремено да стекнете нова навика.Треба да пронајдете мотивација длабоко во себе за да се откажете од лошите навики и секојдневно да си објаснувате зошто треба да останете доследни на вашата одлука.

Лошата навика секогаш заменете ја со добра и бидете многу упорни и трпеливи, затоа што лошата навика ќе опстојува исто колку што е присутна во вашиот живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…