Home Актуелно Кој го ракетираше затворот Еленовка во кој има украински заробеници? (снимка)

Кој го ракетираше затворот Еленовка во кој има украински заробеници? (снимка)

Според одредени руски извори, заробеничкиот логор Еленовка бил погоден со ХИМАРС ракети од американско производство, кои од неодамна се дел од оружениот арсенал на украинската армија.

На првиот канал на руската државна телевизија се емитувани снимки од заробеничкиот логор во Еленовка, кој утрово беше гранатиран.

Руски извори тврдат дека затворот бил погоден со ХИМАРС ракети од американско производство, кои од неодамна се дел од арсеналот на украинската армија.

Од другата страна засега нема официјално известување, но одредени украински канали на социјалните мрежи ја обвинуваат Русија за егзекуцијата на заробените украински војници.

Во затворот во Еленовка се наоѓаа дел од украинските војници заробени во борбите околу фабриката „Азовстал“ во Мариопол. Според последните информации, најмлаку 53 лица се загинати, а повеќе од 120 се ранети во ракетниот напад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…