Кој е подобар родител: Вечната битка открива резултати од најновото истражување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќето родители постојано се преиспитуваат дали нешто згрешиле во најважната улога во животот. Мајките сепак се посигурни во себе, секоја трета жена смета дека подобар родител од мажот. Интересно, истото го смета и секој трет маж, покажува истражувањето во кое учествуваа повеќе од 1000 родители на деца помлади од 18 години.

Две третитини од испитаниците често размислуваат за тоа како се снаоѓаат во родителската улога. Повеќето, 55% сигурни се во своите вештини сметајќи се себеси за добри родители, а 13% дури и совршено. Само 2% за себе велат дека се лоши родители, а никој не мисли дека е ужасен.

Кога станува збор за тоа кој е подобарт, нешто повеќе од половина од испитаниците, истакнаа дека обата родители поддеднакво се добри. Но, 34% од жените себеси се сметаат за подобри родители. Тоа се поклопува со мислењето на мажите, па 32% од припадниците на посилниот пол мислат дека во родителската улога се снаоѓаат полошо од партнерката. Само 6% од жените мислам дека нивниот партнер е подобар и ист број мажи себеси се сметаат за подобри родители.

За експертите ова не е изненадување, бидејќи родителството и натаму се смета како претежно женска работа, почнувајќи од тоа дека мајките земаат отсуство по раѓањето на детето и повеќе му се посветуваат, додека улолгата на мажот е да донесе пари. Со самото тоа, помалку време минува со детето, и почнува да се сомнева во своите родителски способности.