Кои украински борци кои се останати во опколената фабрика за челик Азовстал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Русија, претседателот Владимир Путин издаде наредба руските војници да не ја напаѓаат фабриката за челик Азовстал во опколениот украински град Мариупол, туку да ја блокираат за да не може да побегне ниту „мува“. Огромната фабрика, која се протега на 10 квадратни километри, стана последниот бастион на украинскиот отпор во Мариупол.

Во Азовстал се крие 36-та поморска бригада, чии маринци беа задолжени да го одбранат градот од руските воени напади

Командантот на украинските маринци преку социјалните мрежи порача дека неговите војници нема да се предадат, но побара меѓународна помош за околу 500 ранети војници и стотици жени и деца, за кои рече дека се кријат со нив во фабриката за челик.

Британците Ејден Ајслин и Шон Пинер, кои го бранеа Мариупол и кои беа заробени од руските сили минатата недела, беа членови на оваа бригада.

Втората единица во фабриката за челик е Азовската бригада, именувана по Азовското Море, која го поврзува Мариупол со остатокот од Црното Море.

Азов е паравојска поврзана со екстремно десничарски националисти, кои во меѓувреме се инкорпорирани во Украинската национална гарда. Се проценува дека ги има 900, пишува Би-Би-Си.

Маринците се здружија со Азовската бригада минатата недела со цел да го оноевозможат продорот на руските сили

Не е познато колку украински војници останале во фабриката за челик, додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ги има повеќе од 2.000.

Утринава водачот на батаљонот Азов преку Телеграм објави дека во последните денови уништиле три руски тенка, две борбени возила на пешадија и еден оклопен транспортер, „и покрај , како што потенцираше ,исклучително тешката ситуација“.

Мариопул стана синоним на украинскиот отпор. Точно 56 дена успеваше да се спротистави на руската армија и успеа да ја забави нивната офанзива која, по Мариопул требаше да се движи на запад кон градот Одеса. И покрај жестоките гранатирања кои целосно го уништија градот, уркаинските маринци и деничаарите на батаљонот Азов успеаа да одолеат на нападите. Минатиот викенд рускиот рпестедател Владимир Путин лично им даде ултиматум на овие украински сили да се предадат, бидејќи во спротивно ќе се соочат со напад со наголемо фалените термобарички ракети.

И покрај тоа што овој ултиматум беше отфрлен, Москва се орпедели дури вчера да го нападне упориштето во челичарницата Азовстал со проеткили во кои според извештаите загинале 300 украински војници. Се претпставува сдека под оваа фабрика се наоѓа подземен град со скривниици и голеемо количество на оружје и муниција. Сепак по вчерашмот упад на чеченските сили кои се борат од станата на Русија, започна и одбројувањето кога целосно ќе падне последниот уркаински отпор во овој град.

Кога тоа и да се случи Мариопул ќе влезе во иторијата како синоним за големиот отпор на Украинците кон моќната руска армија. Нивниот отпор се смета за едно од најголемото успорување на руските воени планови во Украина