Честито свршувачка на Васил Гарванлиев во Америка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот пејач и минатогодишен наш претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, објави дека се верил во Америка, но сѐ уште не сака да споделува детали за овој убав настан од неговиот живот, пренесува „Женски магазин“.

„Добро утро од Чикаго! Уште не сум спремен да изнесам детали околу целата ситуација, но ветувам дека наскоро ќе ја раскажам бајката која ја живеам. Паралелно се погоди со новата песна којашто ќе ја пуштам утре, прва од англискиот албум, а се вика „Beautiful“, па сакам фокусот да ми е таму. Моментално можам да кажам дека сум многу мирен, среќен, вљубен, малку шокиран но АРМАСАН! (На струмички или на македонски за верен). Многу често кажувам, внимавај што посакуваш, и дека љубовта секогаш победува. Верувај, биди ТИ, посакај, опушти се, и тоа што си е твое, ќе си дојде на свое“, раскажал Васил за „Женски магазин“.

Утрово, пејачот сподели интересна фотографија на која држи кутија за накит.

„Те сакам. Небото е полно со ѕвезди, а јас гледам само една“, стои во описот на фотографијата.