Живот

Кога сексуалниот живот е оценет со највисока оценка и колку треба да трае… ?!

Во сексот најважно е обајцата да сте задоволени.

Резултатите велат дека 40% од луѓето сметаат дека сексот би требало да трае 30 минути, но интересно е што само 24% потврдиле дека е така во нивната врска. Повеќето испитаници, 47%, велат дека во нивниот случај сексот трае 15 минути, а 16% велат дека трае 10 минути.

Експертот за секс, Трејси Кокс во рамки на ова истражување нагласи дека никој не треба да крева паника околу тоа колку долго трае акцијата во креветот. Триесет минути за некои луѓе е прекратко, а за некои може да биде предолго, вели таа. Важно е обајцата да сте задоволени.

Истражувањето на истата група испитаници покажа дека 14,6% во доба од 36 до 40 години го оцениле својот сексуален живот со најголема оценка, 10! Втората најсреќна група кога станува збор за сексот се оние од 46 до 50 години, од нив 13,5% својот сексуален живот го оцениле со десетка.

Advertisements
To Top