Кога човечките животи се статистика: Русија тврди дека имаат човечки загуби, но многу помалку од оние на Украина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рруското Министерство за одбрана вчера прв пат призна дека Русија има жртви во Украина, но не даде конкретни бројки. Има и руски заробени војници, рече Министерството.

Руското министерство за одбрана соопшти дека има убиени и ранети руски војници во офанзивата во Украина, но дека тие се во далеку помал број од загубите на Украина, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Загубите што ги претрпеа руските вооружени сили се неколку пати помали од бројот на истребените националисти“, се вели во извештајот на Министерството.

„Руската војска претрпе загуби, а некои војници завршија заробени од противничките сили за време на тековната воена операција во Украина“, призна денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, за време на брифинг со новинарите.

„Од почнувањето на операцијата, (руската војска) уништи 254 тенкови и други оклопни борбени возила, 31 приземјен авион, 46 повеќекратни ракетни системи, 103 парчиња артилерија и минофрлачи, 164 парчиња специјални воени возила“, рече Конашенков.

Украинската заменик-министерка за одбрана денеска објави проценка за загубите и соопшти дека досега загинале 4.300 руски војници.

Вчера Украина побара од Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги отстрани мртвите тела на „илјадниците“ Руси убиени во досегашната инвазија и да ги врати во Русија.

Од почетокот на она што Русија го нарекува своја „специјална воена операција“ во Украина, вооружените сили погодиле 1.067 украински воени локации, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на податоците на Министерството за одбрана.