Home Актуелно Кофинансираните специјализанти денес протестираат пред Министерството за здравство

Кофинансираните специјализанти денес протестираат пред Министерството за здравство

Со пароли како „И ние сме лекари“, „Еднаквост“, „Има да не нема“ кофинансираните специјализанти денес го изразија својот револт на протест пред Министерство за здравство.

Бараат трансформација на нивниот однос од определено на неопределено време со што и тие би биле опфатени со најавените зголемувања на платите на здравствените работници.

Револтирани се што никој не им гарантира, како што велат, дека после специјализацијата ќе имаат загарантирана работа.

Викендот, министерот за здравство изјави дека формираат работни групи за да најдат решение како да дојде до промена на Законот и да биде исполнето нивното барање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…