Home Спорт Клоп се жали: На Јунајтед му признаваат голови од офсајд!

Клоп се жали: На Јунајтед му признаваат голови од офсајд!

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп беше фрустриран после синоќешната елиминација од Лига Купот, па даде изјава не своствена за него.

Имено, Германецот го обвини судијата за елиминацијата од Саутемптон, кој на два пати победи со 1:0 во двомечот.

„Саутемптон заслужено се пласира во финалето. Во еден момент мораше да ризикуваме и Саутемптон тоа го искористи. Немавме среќа, пропуштивме 6-7 чисти позиции, затоа и загубивме“.

„Судијата не виде игра со рака на Лонг, требаше да добиеме пенал. Не знам по кој пат сезоната се случува да сме оштетени во вакви ситуации. Манчестер Јунајтед дава голови од офсајд и им ги признаваат, а нас ни пенал не ни судат“, изјави налутено Клоп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…