Home Актуелно Кирацовски: Пендаровски води, набрзо ќе ги имаме резултатите

Кирацовски: Пендаровски води, набрзо ќе ги имаме резултатите

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на прес-конференција по затворањето на гласачките места, соопшти дека нивниот кандидат, Стево Пендаровски, е во водство на овие претседателски избори.

„Граѓаните масовно и достоинствено излегоа на овие демократски избори. Се надеваме дека овие избори за претседател на државата и по објавувањето на резултатите ќе финишираат во демократска атмосфера“, рече Кирацовски.

Како што рече, тој очекува за околу час и половина да ги имаат конечните резултати.

Извор/Фото: Радио Слободна Европа

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…