Ким во топлес издание, со бебето во раце, си ги рекламира шминките


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во серијата провокативни и разголени фотографии преку кои Ким Кардашијан си ја промовира својата нова колекција шминки од нејзината брендирана козметичка линија предизвика лавина од реакции и коментари на Инстаграм.

Во топлес издание, со бебушката Чикаго во раце со која, истовремено, ги крие своите голи гради, Ким си направи уште една пикантна и скокотлива реклама на својата козметичка линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

„Моето ангелско дете“, пиша Ким во коментарот на фотографијата, покрај кој ги испромовира и своите шминки.

Но, оваа фотка не наиде на апсолутно позитивни коментари и реакции кај нејзините следбениви и обожаватели.

„Ова е одвратно“, „Дали ти воопшто мислиш на своето дете?“, „Сега ја претера“ и „Детето од ова ќе има трауми“ беа само дел од коментарите преку кои следбениците ги изразија својот револт од фотката на „старлетата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on