Home Актуелно Кекеновски: На СДСМ И ДУИ не им е потребен претседател на државата!

Кекеновски: На СДСМ И ДУИ не им е потребен претседател на државата!

Објавувањето на законите за двојазичност и уставни измени во Службен весник без потписите на претседателот Ѓорге Иванов предивика лавина реакции од политичарите. Меѓу нив е и професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, кој ја обвини власта за самоволие.

-Стручната служба на Собранието на РМ се сведе на Нотар вршејќи заверки на копии верни на оригиналот воспоставувајќи пракса и преседани за правно самоволие невидено во западните демократии во кои се колне и за кои „копнее” владината коалиција. Службен весник ја превзема надлежноста на Уставниот суд констатирајќи дека Претседателот на Републиката не ја извршил обврската. Човек да се запраша дали е потребен Претседател на Македонија кога власта на чело со СДСМ и ДУИ узурпираа се“, напиша Кекеновски на Фејсбук.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…