Кеирош обвинува: Ова е неправда, Роналдо заслужи црвен картон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Иран, Карлос Кеирош јавно се пожали на селективна правда после мечот со Португалија и заклучи дека неговиот тим заслужил победа.

Кеирош се осврна на ВАР технологијата кога на десет минути пред крајот не беше исклучен Кристиано Роналдо при спорниот момент.

„Правилата на фудбалот налагаат секој удар со лакт да се казни со црвен картон, не е важно дали тоа го направил Меси или Роналдо. Можеби судијата му прогледа низ прсти бидејќи тој е голема ѕвезда во светскиот фудбал“, изјави Кеирош.

„Одлуките треба да бидат јасни за сите, на овој начин Инфантино и ВАР не се движат во вистинската насока. Бевме конкурентни играјќи против најдобрите светски екипи. Иран со дисциплината, контролата, заслужи да ја победи Португалија. Сепак, во фудбалот нема правда“, заклучи иранскиот селектор.