Ќе го почекаат „да собере кеш“: Судот ја прекина тужбата против Маск и му даде рок до кога да го купи Твитер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судијата од мериканскиот суд во сојузната држава Делавер нареди прекин на тужбите на Твитер против основачот на Тесла, Илон Маск.

Ова се случи пред судењето за да му се даде време на милијардерот да го финансира неговото преземање на социјалната мрежа во вредност од 44 милијарди долари, според судската пријава од четвртокот, пренесува Ројтерс.

Тужбата е ставена во мирување до 28 октомври за дотогаш Маск да го заврши процесот на купување на твитер.

Судијката Кеталин Мекормик рече дека страните ќе стапат во контакт со неа доколку не се постигне договор до нејзиниот краен рок да закаже судење во ноември. Судењето беше закажано за 17 октомври во специјализираниот суд во Делавер. Во четвртокот адвокатите на Маск побараа од судот да ја прекине тужбата што Твитер ја поднесе против шефот на Тесла за да го принуди да ја купи социјалната мрежа, во согласност со договорот за преземање потпишан во април.

Сепак, адвокатите велат дека мултимилијардерот понудил да го испочитува договорот за преземање потпишан кон крајот на април во понеделникот и жалат што Твитер „инсистира да продолжи, загрозувајќи ја трансакцијата и играјќи си со интересите на акционерите“, се вели во правната пријава. Нудејќи да ја купи компанијата, Маск се огласи на Твитер во понеделникот. Планот беше да се купи Твитер за 44 милијарди долари, под услов да ги обезбеди потребните финансии и одборот на директори да се откаже од тужбите. Компанијата со седиште во Сан Франциско потоа се вклучи и посочи дека сè уште „има намера“ да ја заврши трансакцијата.

Пролетва Илон Маск испрати понуда за преземање на платформата за 54,20 долари по акција. Тој ја процени платформата на 44 милијарди долари. Управниот одбор на социјалната мрежа, првично не се сложи со оваа понуда, но потоа ја прифати цената.

Но, каприциозниот милијардер еднострано го отфрли овој договор во јули, а Твитер покрена правна постапка за да го принуди да ја почитува својата обврска.

За адвокатите на Илон Маск, нивниот клиент „се согласил да го направи“ тоа што го побарала компанијата. Во документот од четвртокот, тие велат дека очекуваат договорот да се затвори „околу 28 октомври“. Твитер одбива да го прифати овој позитивен одговор. Неверојатно, (компанијата) инсистира на продолжување на постапката, велат адвокатите на Маск.