Home Актуелно И КАЗНИТЕ ЌЕ БИДАТ РЕАЛНОСТ: Пет просечни плати казна за службеник кој нема да ја практикува двојазичноста

И КАЗНИТЕ ЌЕ БИДАТ РЕАЛНОСТ: Пет просечни плати казна за службеник кој нема да ја практикува двојазичноста

Службеното лице кое работи во државен орган каде ќе се комуницира и на македонски и на албански јазик, доколку не го стори тоа ќе плати казна во висина од 1/3 од казната што ќе биде изречена на органот.

Според новиот Предлог- закон за јазици, ДУИ и СДСМ договориле државните органи да бидат санкционирани со 4.000 до 5.000 евра, додека глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното и одговорното лице во органите.

Ова значи дека службеното лице во органот ќе плати казна од 1.500 евра доколку не го практикува албанскиот како втор службен јазик.

Тоа практично значи дека заради непознавањето и непрактикувањето на двојазичноста, обичен административец може да се случи и пет месеци да работи без пари за да ја исплати казната што му ја одредиле Заев и Ахмети.

За казнувањето ќе се грижи цензорско тело „Инспекторат за јазици“. Неговите овластувања ќе бидат определени и со посебен закон, пишува Курир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…