Кацарска до обвинетите за крвавиот четврток: „Престанете да им се заканувате на сведоците!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судијката Добрила Кацарска во чија надлежност е судската постапка за предметот во кој се судат обвинетите за собранискиот упад и насилствата од крвавиот четрток, на почетокот на денешното судско рочиште ги предупреди некои од обвинетите да престанат со јавувања, закани и притисоци кон сведоците.

„Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат“, рече Кацарска. Таа не прецизираше кој од обвинетите се заканувал. На денешното рочиште за насилниот упад во Собраниетио треба да сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.