Катица Јанева одржа прес-конференција и избегна новинарски прашања (видео)


Традицијата вели: Аргентина ме демантира!? - 14 ден ↓↓↓



Откако денес за прв пат после пукнувањето на аферата „Рекет“ се појави на нејзиното работно место во канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева одржа и кратка прес-конференција за присутните новинари осврнувајќи се на настаните кои претходеа деновиве.

Но, откако обвинителката Катица Јанева даде изјава, таа избега од новинарите кои имаа многу прашања во врска со случувањата за случајот „Рекет“. Клучните прашања за нејзина вмешаност останаа неодговорени. Во својата изјава таа посочи дека не е вмешана во случајот „Рекет“. Додека зборуваше покрај неа немаше ниту еден обвинител од СЈО.

Иако новинарите инсистираа на одговори, Јанева замина во една од канцелариите каде што остана до заминувањето на новинарите.