Home Спорт Кариера за Гинис: „Лудакот“ потпиша за 26-от клуб и постави светски рекорд!

Кариера за Гинис: „Лудакот“ потпиша за 26-от клуб и постави светски рекорд!

Уругвајскиот фудбалер Себастијан Абреу официјално потпиша договор со Аудакс Италијано и со тоа постави нов Гинисов рекорд.

„Лудакот“, како што го викаат, можеби не е планетарно познат како некои негови сонародници, но сепак влезе во историјата на фудбалот.

Имено, чилеанската екипа Аудакс е 26-от клуб во фудбалската кариера на Абреу, бројка која не успеал да ја реализира ниту еден друг фудбалер во поновата историја.

Абреу има 41 година и засега не размислува за пензија, а со последниот трансфер го остави зад себе германскиот голман Луц Фаненштајл кој долги години беше играч со најмногу променети клубови.

Кариерата Абреу ја започна во Дефенсор од Монтевидео, а покрај останатите клубови има играно и за Сан Лорензо, Депортиво Ла Коруња, Монтери, Ривер Плата, Гремио, Реал Сосиедад, Ботафото…

вреди да се нагласи дека Абреу каде и да настапуваше ги решетеше противничките мрежи. Има постигнато преку 400 голови во својата кариера, а за уругвајската репрезентација запиша 70 настапи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…