Home Актуелно Караџиќ осуден на доживотен затвор

Караџиќ осуден на доживотен затвор

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ доби доживотна затворска казна за геноцид и воени злосторства. Ова значи зголемување на неговата претходна казна затвор од 40 години.

Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето.

Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и обичаите на војувањето, по што неговите адвокати поднесоа жалба и побараа второстепена постапка, односно ослободителна пресуда или повторно судење.

Жалбениот совет ги одби сите барања.

Пресудата за геноцид и воени злосторства првенствено се однесуваше на масакрот на повеќе од 8.000 мажи во Сребреница во 1995 година. Во второстепената пресуда, исто така беше отфрлено негирањето на Караџиќ дека имал злосторничка намера за заеднички злосторнички постапки за случајот со повеќегодишно тероризирање на Сараево и за киднапирање на припадници на Обединети нации.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…