Home Актуелно Какво време ќе имаме денес и наредните денови?

Какво време ќе имаме денес и наредните денови?

Најниска температура изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус четири степени целзиусови, по што следат Скопје Петровец и Тетово со минус три, Битола, Струмица и Демир Капија со минус два, Лазарополе, Штип и Куманово. со минус еден.

Нула степени се регистрирани во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Крива Паланка, еден во Охрид, Гевгелија и Претор, два во Пожаране, Виница, Маврово и Крушево, три во Тополчани,  четири во Ѓуриште и Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Изутринава е претежно ведро и релативно студено. Во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини со слаба магла или заматеност.

Утре сончево со умерена облачност и тивко, по одделни котлини со појава на магла.

Како што најавува УХМР, и за време на викендот продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини.

В недела ќе биде пооблачно, а кон крајот на денот подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на влажен бран што во текот на ноќта и во понеделник преку денот ќе услови врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планините, па и на некои повисоки места. Ќе дува и повремено засилен северен ветер проследен со намалување на дневните температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…