Home Спорт Каков Роналдо? Видете колку скока Кире Лазаров!

Каков Роналдо? Видете колку скока Кире Лазаров!

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и на ова Европско првенство покажа дека е незадржлив за противничките одбрани.

Лазаров со години е еден од најдобрите ракометари во светот, а со 19 погодоци по двете кола, капитенот на македонската репрезентација е на третото место на листата на најдобри стрелци на ЕП.

Педантните статистичари на ЕП пресметале дека Лазаров има направено одраз од 74 сантиметри и е на делба на првото место во оваа категорија.

Неодамна Роналдо ги импресионираше сите кога на дуелот против Сампдорија се одрази 71 сантиметар, а нашиот капитен има подобар одраз за цели 3 сантиметри од Португалецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…