Како течеа настаните: Хронологија на случувањата од крвавот четврток


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По објавата дека се поднесени обвиненија против сторителите на кривични дела за време на крвавиот четврток, минатиот 27 април, во собраниските простории, државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески и портпаролката на Јавното обвинителство, Елизабета Недановска на прес-конференцијата, низ хронологија на случувањата пред и по насилниот упад во Собранието од кобниот ден, го образложија образложувајќи го обвинителниот акт, пренесува Нова ТВ.

Еден од осомничените, како што беше кажано, на 27 април во 14.30 часот добил телефонски повик со кој бил известен да ја почне акцијата „по што го мобилизирале членството на неколку здруженија и лица од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на законодавниот дом не е соодветно обезбеден и заштитен од полициски сили.

Четири часа подоцна, односно во 18.58 часот на 27 април 2017, десетмина обвинети заедно со поголема група луѓе што претходно ја организирале и им поделиле маски-фантомки, по претходен телефонски договор, се упатиле кон зградата на Собранието.

Во меѓувреме, четворица обвинети, инаку организатори на движењето „За заедничка Македонија“, како дел од друга група, ги повикале и ги повеле насобраните граѓани кон Собранието и со потпалувачки говори ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓани.

-Поттикнатите граѓани, заедно со групата која носела маски фантомки ја прескокнале заштитната ограда околу Собранието и се обиделе со туркање, удирање и кршење насилно да ја отворат влезната врата. Но поради безбедносната заштита не успеале во тоа-се наведува во обвинението.

Истовреме, односно околу 19 часот, внатре во собраниската зграда, еден од обвинетите пратеници бил во телефонска координација со еден од обвинетите од групата која била пред вратата на Собранието.

-По телефонската координација, петмината обвинети пратеници (Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски), заедно со тројца обвинети од собраниското обезбедување, ги отвориле дцете велзни врати, откако ги тргнале металните заштитни греди, по што почнале да ја насочуваат толпата кон пленарната сала и кон прес-салата на Собранието.

По ова обвинетите заедно со други непознати лица влегле во прес-салата и го почнале насилството, фрлајќи предмети кон пратениците од парламентарното мнозинство и кон новинарите.

Дел од обвинетите физички ги нападнале присутните во прес-салата и им нанеле повреди на поголем број пратеници.

-Во прес-центарот, додека траело насилството и нападот од страна на обвинетите, едно од нив, се насочил кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштолот кој го носел со себе, но не испукал затоа што оштетениот (Заев н.з.) бил заштитен од обезбедувањето и од други лица-беше кажано на денешната прес-конференција.

Обвинетите во нападот ги користеле сите можни предмети до кои дошле, а поставиле и две импровизирани експлозивни направи под работните бироа во две канцеларии.

Додека траело насилството во Собранието, двајца обвинети – припадници на МВР, одзеле два хард-диска за да ги прикријат трагите и да не се откријат дејствата од упадот.