Home Вебкафе Како на 58 да изгледате како да имате 35: сите бјути трикови на Џулија Робертс

Како на 58 да изгледате како да имате 35: сите бјути трикови на Џулија Робертс

Како на 58 да изгледаш како да имаш 35: Сите тајни на убавината на Џулија Робертс

Познатата и секогаш елегантна Џулија Робертс во октомври го прослави својот 58. роденден, а нејзиниот изглед сè уште предизвикува восхит и љубомора.

Мајка на три деца, амбасадорка на брендот Ланком и икона на филмското платно, Џулија продолжува да зрачи со младешка енергија. Иако многумина мислат дека тоа е резултат на добри гени, таа вели дека тајната лежи во среќата, љубовта и внатрешниот мир.

„Да бидеш заљубен и да го сакаш животот околу тебе – тоа е вистинската тајна на убавината. Нема тука трикови, само вистинска среќа,“ вели Џулија.

Нејзината beauty рутина што ги менува правилата:

Никогаш не оди на спиење со шминка – Чистата кожа е незаменлива. Нејзиниот омилен производ е двофазниот отстранувач на шминка за очи од Ланком – Bi-Facil Double-Action.

Природните масла се незаменлив дел од нејзината нега – Авокадово масло за домашни маски за коса, маслиново масло за кожата, па дури и кокосово масло за избелување на заби и секојдневна нега на усната празнина. Навечер, неколку капки арганово масло измешани со ноќна крема се нејзин еликсир против стареење.

Ги прифаќа своите природни кадрици – „Сакам кога косата живее свој живот, несовршените кадрици ме прават тоа што сум,“ признава Џулија.

Внатрешниот мир е клучот – Јога, медитација на благодарност секое утро и мирисот на лаванда ѝ помагаат кожата да зрачи без капка хајлајтер.

Сознателно хранење – Џулија и нејзиното семејство практикуваат избалансирана исхрана: свежи продукти, риба, зеленчук, и секако, нејзината омилена темна чоколада за доза на луксуз. Нема строги диети, само слушање на телото и уживање во животот.

Едноставно, Џулија докажува дека убавината не доаѓа само однадвор, туку и однатре. Тајната на младешкиот изглед се крие во хармонијата помеѓу телото, умот и душата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Лесно надминете ја јануарската меланхолија

Често ли се чувствувате празни и без енергија по завршувањето на празниците? Во текот на з…